Изгубен е интерес

02.03.2019 03:14
Изгубен е интерес

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја, Јосиф Јаневски, Сашо Поповски, Златко Гиров, Дарко Настески, Гриша Смугрески, Горан Танчевски и Цеце Иванчева.


Тања Аждаја
Изгубен е интерес. Кој ќе го најде... - сеедно.

 

Јосиф Јаневски
Го најдов.

 

Сашо Поповски
Џабе да ти коментирам.
Џабе ти коментирав.

 

Златко Гиров
Изгубена е сметка за струја. Кој најде нека ја плати.

 

Тања Аждаја
Изгубена е сметка за вода у очи. кој ја најде скапо ќе ја плати.

 

Златко Гиров
Водата во колено ми е од трето колено.

 

Тања Аждаја
Ау па знам: на сите до второ колено им имам купено сервис чашки.

Дарко Настески
Најден е интерес. Јас го најдов. Од кого е?!?

 

Златко Гиров
Ако ти е интересен интересот немаш интерес да го дадеш. Ако не е, чуму ми е.

 

Тања Аждаја
Најден е интерес. Чиј е? Од каде е? И колку време постои? А зошто служи? Не е ли касно за тоа? Зошто сега?!

 

Гриша Смугрески
Интересна си :)

 

Горан Танчевски
Изгубениот интерес го прогласувам за неважечки и сите трошоци по интересот во иднина не ги признавам.

 

Цеце Иванчева
Изгубен е живот. Кој го најде нека го среди.

 

Тања Аждаја
Изгубен е живот. Ако наиде на некој ќе го среди.

 

Цеце Иванчева
Ако го среди нека го среди, ако не ќе пробаме некои други среди.


Слики: Adhika Rahmani

 

ОкоБоли главаВицФото