Моќта на обичното да инспирира

02.03.2019 10:44
Моќта на обичното да инспирира

Исак Сентилјес, дванаесетгодишник од Кливленд Хајтс, Охајо, е многу зафатено момче. Мајка му Рене се погрижила за тоа.

„На пијано го запишав кога имаше пет години“, вели Рене. „На фудбал тргна на четири. Одеше на часови по пливање, боречки вештини. Сè направив. Се разбира дека направив.“

Секако дека да. Тоа е она што повеќето родители во Америка го прават денес. И тие се тука за да надгледуваат апсолутно сè – ги возат на натпревари, гледаат приредби од првите редови или само спроведуваат некакви проекти дома кога густиот дневен распоред ќе го дозволи тоа.

Ваквото родителство, кое некогаш било резервирано исклучиво за припадниците на повисоките класи, сега е проширено низ целиот социоекономски спектар и длабоко е вкоренето во земјите како Англија и Австралија. Стручњаците не се согласни дали ваквиот пристап е пожелен или погубен за децата, ама едно е сигурно: начинот на кој Рене Сентилјес го одгледува својот син во многу нешта е поинаков од начинот на кој таа растела.

Памела Пол од Њујорк тајмс би сакала да има повеќе време за играње во плановите на родителите, но се грижи дека многу деца не би знаеле што да прават со тоа време. Тие деца отсекогаш имале возрасни да се грижат за ним никогаш да не им биде здодевно.

Памела Пол исто така не мисли ни дека ваквиот начин на воспитување носи добро. Досадата е, вели таа, понекогаш добра.

„Доколку децата не го научат навреме тоа, гадно ќе се изненадат“, напиша Памела Пол. „Училиштето, да се соочиме со тоа, може да биде досадно, а работата на наставникот не е да ги забавува децата, туку да ги образува. Животот и не е смислен да биде бескрајна парада на занимливости.“

Досадата има, пишува Памела, уште подлабока вредност. „Определени работи се случуваат баш кога ви е досадно. Не е важна досадата самата по себе; важно е што правиме со неа. Кога ќе ја достигнете точката на пукање, досадата ве учи да реагирате конструктивно, самите да направите нешто да се случи. Но, доколку сме непрекинато соочени со заглупувачката досада, никогаш нема да научиме да се носиме со неа.“

Тоа учење е континуиран процес. Прашајте ги четирите милиони луѓе што купиле примерок од Патот на уметникот од Џулија Камерон од 1992 година, кога е објавена книгата.

Книгата претставува „ѕвезда водилка за писателите што имаат блокада и другите уметници веќе повеќе од четвртина век“, напиша Пенелопи Грин за Њујорк тајмс. Тие што се водат по начелата на оваа книга имаат основано групи на линиите од Торонто до Јапонија, од Бразил до Русија, од австралиските пустини до панамските џунгли.

Една од главните вежби на кои подучува оваа книга се засновува на белата хартија: секој ден морате да го почнете со испишување на три страници за тоа што ви се мота низ глава. Втората вежба е „Состанок на уметникот“ – морате секоја недела да поминете два дена сами, на место што ќе ви донесе ново искуство.

Два часа неделно се можеби премногу во распоредот на модерните деца.


Извор: The New Times| International Report

Слика: Laurie Justus Pace

Слични содржини

Книжевност / Психологија / Живот
Психологија / Живот
Психологија / Наука / Живот
Општество / Психологија / Живот / Теорија
Книжевност / Психологија / Живот / Култура

ОкоБоли главаВицФото