(Мисла, само замислена, или - изречена?...)

03.03.2019 00:02

Мисла, само замислена, или - изречена?
Не е сеедно, не е едно и исто - воопшто!
Замислената (молитва?) може Господ Бог
и да ни ја чуе - зависно од тоа
дали е искрена, изречена или не...

Но речта изречена во просторот
е веќе нешто што постои - независно од нас
сеедно дали некој ќе ја чуе веднаш или некогаш
штом постои како можност пак да се овоплоти...

Затоа да не се стеснуваме кога тоа
што само го пожелуваме во мислите (палејќи свеќа?)
ќе одлучиме свесно и јасно да го изговориме
како вечно постоечки звук во просторот!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото