Еволуцијата на Бетмен

13.10.2010 12:40
Еволуцијата на Бетмен

Боб Кејн, покојниот цртач на стрипови кој е заслужен за создавање на ликот на Бетмен, кога го создал во 1938 г. не ни ги насетувал размерите на популарноста која седумдесетина години подоцна ќе ги постигне неговиот човек-лилјак.

Последниве дваесетина години еуфоријата по Бетмен ескалираше, посебно откако загадочниот супер-херој од стриповите и анимираните филмови се пресели и на големото платно.

Денес најпознатите светски глумци и режисери се натпреваруваат за соработка на некое ново продолжение од сагата за Бетмен, а брендот на црниот стилизиран лилјак во жолта елипса, освен оној на Супермен, стана еден од најпознатите од светот на филмот и стрипот.

За популарноста на овој јунак во современата поп култура сведочи и неговата употреба во современата уметност, како на пример, во делата на Адријан Транкули. Бидејќи многумина мислат дека едноставното црно лого на најпознатиот лилјак, кој е заштитен знак на моќниот борец за правда, не се менувало од своето настанување, ќе ги премисли интересното истражување на младиот романски дизајнер.

Погледнете како сè изгледало логото на Бетмен низ годините.

ОкоБоли главаВицФото