Почина Кит Флинт, пејачот на „Продиџи“

04.03.2019 14:45
Почина Кит Флинт, пејачот на „Продиџи“

Почина Кит Флинт, вокалистот на групата „Продиџи“.

Кит Флинт, вокалистот на познатата група „Продиџи“ (Prodigy) пронајден е мртов во неговиот стан во Есекс. Имаше 49 години.

Со својата панк естетика, специфична фризура и израз на лицето, Кит Флинт беше иконична музичка фигура на деведесеттите години.

Станал член на „Продиџи“ во 1990 година, како рапер и танчер и набрзо станал нејзин вокалист. Сите седум албуми на групата, почнувајќи од првиот кој излезе во 1992 година, па сè до последниот „No Tourists“, кој излезе во ноември 2018 година, беа на прво место во Велика Британија.

Најголемите хитови на Флинт и на „Продиџи“ беа песните „Firestarter“ и „Breathe“.

Во интервју за „Гардијан“, во 2015 година, Флинт ја коментираше состојбата на современата поп музика. „Бевме опасни и возбудливи! Но, сега нема никој кој сака да биде опасен. И затоа луѓето добиваат комерцијални, генерички записи кои се само безбедни, безбедни и безбедни", рече Флинт.

 Извор: The Guardian

ОкоБоли главаВицФото