Суштество

04.03.2019 19:28

Од мене до тебе нема ни еден сантиметар,
ни место за убод на игла,
лицата ни се сосема налик едно на друго, едно се лице,
кога ќе погледнеш во огледало
ги гледаш моите ноздри, веѓите и бушавата брада,
кога со рака преминувам преку своето лице
имам впечаток дека ги допирам твоите образи или крупната уста.
Утрото сум среќен
бидејќи наместо своето тело чувствувам дека постои твоето:
облиот стомак,
глатката кожа,
дојките
и бедрата сосем женски.
Не се срамам да зборувам за она што е едноставно
бидејќи ­ѝ припаѓа на природата
или ја именува или произлегло од неа
па ­ѝ се враќа како капка вода од која избегало.
На рака ми одат
годините што ми преостануваат, целиот живот.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото