Романот „3 минути и 53 секунди“ на Бранко Прља ќе биде објавен во САД

06.03.2019 11:35
Романот „3 минути и 53 секунди“ на Бранко Прља ќе биде објавен во САД

Македонскиот писател Бранко Прља потпиша договор со американската издавачка куќа „Далки аркајв прес“ (Dalkey Archive Press) за издавање на неговиот роман на англиски јазик „3 минути и 53 секунди“ (објавен под псевдонимот Берт Стајн). Во Македонија, издавач на книгата е „Готен“.

Станува збор за една од најреномираните издавачки куќи во САД кои објавуваат литературни преводи и имаат професионална дистрибуција на американскиот пазар. Формирана во 1984 година, оваа издавачка куќа е позната по тоа што објавува помалку познати или авангардни писатели. 

Романот „3 минути и 53 секунди“ во 2015 година беше финалист за наградата Роман на годината на „Утрински весник“.

Бранко Прља активно издава од 2003 година и е автор на повеќе од 15 дела, помеѓу кои повеќе збирки проза и 5 романи. Основач е на креативниот колектив „Капка“, првиот електронски конкурс за литература во Македонија „Електролит“, како и на еко-групата „Дај, не фрлај!“ и на порталот „Арно.мк“.