1009 hPa
71 %
10 °C
Скопје - Пет, 19.04.2024 19:59
Ликовниот уметник Адем Сулејманоски направи „ленд арт инсталација“ на брегот на Дебарското езеро“, насловена „Езеро или пластика“, а посветена на загадувањето со пластични шишиња на езерото.
Секоја година помеѓу 40 и 60 илјади пластични шишиња се слеваат во водите на Дебарското езеро. Овој проблем секогаш е актуелен напролет кога високите водостои на реките и потоците во Дебарско-реканскиот регион носат огромни количини пластичен отпад во езерскиот басен. Интервенцијата се наоѓа на брегот на Дебарското езеро во близина на селото Косоврасти.
Делото е со димензија 8х3 метри и е изработен од камен и мешани материјали.
„Идејата на овој ленд арт е да укаже на потребата од регулирање на собирањето отпад и намалувањето на езерото кое иако има квалитетна вода сепак е преполно со механички отпад каде доминираат пластичните шишиња и останатиот пловечки пластичен отпад“, вели авторот Сулејмановски.
Оваа уметничка интервенција на Сулејманоски и е дел од серијата ленд арт интервенции со еколошка тематика кои авторот ќе ги работи оваа пролет во рамки на проектот „Лeнд арт и креативни акции врз оштетена инфраструктура“, кој е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество - Македонија.