
Денеска се одржува третиот марш за женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност.
Третиот марш за права на жените и борбата за родова еднаквост, под слоганот „Дали е среќен 8-ми Март?“, ќе се одржи денеска од 12 часот, со почеток од Жена Парк, преку плоштад „Македонија“, Камениот мост и ќе заврши на плоштадот „Филип Втори“.
Платформата за родова еднаквост излезе со серија барања во насока на постигнување политичка општествена и економска еднаквост на жените со мажите.
„Девојки, жени, мајки, сестри, баби, вработени, невработени, феминистки, активистки и сите оние кои сметаат дека женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност е важна и сè уште трае! На 8 Март, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост и подготвени за предизвиците кои ни престојат на нас, по трет пат маршираме под слоганот „Дали е среќен 8 Март?“, се вели во најавата за маршот.
Барањата се следните:
Маршот го организираат десетина невладини организации и граѓански здруженија.