Мојата жена јаде снег

08.03.2019 22:32

Мојата жена јаде снег.
Гледам
како убавата јарко црвена уста
­ѝ станува модра.
Слушам
како острите ­ѝ секачи
го грицкаат и кршат белиот кристал.
На нејзиното лице не се гледаат ни болка ни задоволство.

Мојата жена јаде снег,
додека зимското сонце околу неа осветлува саде сеништа.


Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото