ПичПрич - четврто издание

11.03.19 00:41

Професорката и авторка Елизабета Шелева, активистката за правата на трансродовите лица и сексуалните работници Лила Милиќ, писателката и активистка Мима Симиќ од Хрватска, мировната активистка Албулена Карага, авторката и новинарка Марија Ратковиќ од Србија и режисерката Софија Ристевска беа годинашните раскажувачки на ПичПрич.

Темата на годинашната осмомартовска вечер на раскажување женски приказни, беше „Влакна“. Публиката и годинава до последно место го исполни киното Милениум.

ПичПрич ја промовира женската усна историја, нормализирајќи ги женските искуства и преземајќи го јавниот простор.

ПичПрич е авторски концепт на Ана Василева и Румена Бужаровска, а се изведува во организација на Тииит!Инк, со поддршка од Фондацијата Квина тил Квина и Холандската амбасада во Скопје.

Фотографии: Небојша Гелевски

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото