Несоница

11.03.2019 13:04

Никој нема крилја како твоите,
умешно стокмени на силни плеќи,
неизневерени во обидот за лет,
разумно свесни за мигот кога
не смеат да се рашират.

Никој нема очи како твоите,
совршено обоени во боја
што други на нив сакаат да ја видат,
отворени за жедни погледи што
пуштаат кофа во празен бунар.

Никој нема поет како твојот,
бесно опседнат со зборови по кои
трага на јаве и во сни,
заробен во мислата да сочини
приспивна за несоницата
што ја прекрсти со твоето име.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото