Уметничка интервенција во центарот на Скопје - скулптура против загадувањето

11.03.2019 13:52
Уметничка интервенција во центарот на Скопје - скулптура против загадувањето

Уметничката интервенција „Мајка Земја“ на Андреј Митевски претставува дело посветено на загадувањето на сите нивоа како и на зачестените палења на сè и сешто во последниве недели.

Од една страна, скулптурата создадена со бројни центално поставени оџаци, испраќа порака за спас на Скопје како еден од најзагадените градови на светот и Македонија како една од земјите со најмногу диви депонии и ѓубришта и најзагадени реки во Европа.

Од друга страна скулптурата, според авторот, симболично повикува на крик против уништувањето на планетата на сите нивоа.

„Самата скулптура ја претставува планетата земја а во средишниот дел е сместена стилизирана маска која има лик на природата, односно мајката земја. Средишната поставеност на маската го симболизира повлекувањето на планената кон нејзината внатрешност“, вели Митевски.

Загадувањето, глобалното затоплување, ефектот на стаклена градина, уништувањето на морињата и окенаните ја уништува планетат. Целата скулптура всушност ја покажува загриженоста за планетата и процесите кои се одвиваат на неа, а маската е симбол на тоа како полека се гаси и затвора во самата себе немоќна да го издржи притисокот на 8 милијарди луѓе кои во најголем дел работат во корист на сопствената штета.

Скулптурата е поставена на булеварот  Партизански одреди во Скопје.

Скулптурата е дел од проектот Собери ѓубре направи скулптура на Андреј Митевски, финансиски е поддржан од Фондацијата Отворено општество- Македонија.

ОкоБоли главаВицФото