Голотијата на Спенсер Тјуник

14.10.10 11:12

Уметникот и фотограф Спенсер Тјуник документира живи голи актови во јавноста, преку фотографија и видео, уште од 1992 година. Од 1994 тој организирал над 75 краткотрајни специфични инсталации во САД и светот.

Неговите инсталации вклучуваат десетици, стотици или илјадници голи доброволци, и неговите фотографии или видео снимки претставуваат записи за овие настани.

Поединците збиени во маса, без облека, се групираат за да образуваат нови облици. Голите тела се распрснуваат во склад со пејзажот и околината. Овие збиени маси немаат сексуален контекст и се претвораат во апстракции кои го предизвикуваат или преписпитуваат нашето гледање на голотијата и приватноста. Неговото дело исто така се обидува да ја преиспита присутноста на уметноста во постојаните или повремените јавни простори.

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

 

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

Слични содржини

Око

ОкоБоли главаВицФото