Од предметите кон тегобата

13.03.2019 13:24
Од предметите кон тегобата

Слепо фрлајќи се на освојување на надворешниот свет, опседнат само со тоа како ќе управува со предметите, човекот конечно самиот себеси се опредмети, зашто падна во суровиот свет во кој владее слепиот детерминизам. Предметите го туркаа, и како играчка на самите околности за чие создавање придонесе, човекот престана да биде слободен и стана еднакво безимен и безличен како и неговите орудија. Веќе не живее во исконското време на битието, туку во времето на сопствените часовници. Тоа е пад на битието во светот, тоа е понадворешнување и упростување на неговото постоење. Го освои светот, но се изгуби самиот себе.

Сè додека тегобата не го разбуди, макар се разбудил и во свет на кошмари. Несигурен и неспокоен, отпочеток бара пат до самиот себе, низ темнина. Нешто му шепоти дека, и покрај сè, е слободен или дека може да биде, дека тој во секој случај не е запченик. Па, дури и фактот дека открил дека е смртен, мрачното уверение дека ја сфатил сопствената конечност, исто така на извесен начин е утешно, оти на крајот на краиштата му докажува дека е нешто различно од рамнодушниот и неутрален запченик: му докажува дека е човечко битие. Ништо повеќе, но и ништо помалку од човек.

 

Извор: Pojedinac i Univerzum, Izabrani eseji, Gradac, Čačak, 2005.

Фотографија: Sara Facio

Слични содржини

Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Активизам / Јавни простори / Свет / Теорија
Технологија / Живот / Теорија
Став / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото