Пролет

14.03.19 01:53

„To Spring“ е анимиран, музички краток филм од 1936 година, дистрибуиран од Метро-Голдвин-Мајер. Филмот е продукција на Харман и Исинг, објавен како дел од серијата „Happy Harmonies“. Овој краток филм, всушност, беше првиот цртан филм што го режираше идниот холивудски гигант Вилијам Хана (William Hanna), заедно со аниматорот Пол Фенел (Paul Fennell).

Филмот ја раскажува приказната за промената на годишните времиња низ очите на џуџињата кои, всушност, напорно работат за да дојде пролетта. Зимата е темен облак со длабок глас а природата мора да се бори за да зимата си замине. Насловот е игра на зборови за да се претстави акцијата на џуџињата. 

Извор: Youtube

ОкоБоли главаВицФото