Возачот

14.03.2019 16:39

Возачот на автобусот
Скопје – Битола,
денеска заминува во пензија.
Точно му ги пресметаа
стажот,
придонесите,
извозените километри,
процентите од осигурувањето.
Никој не може точно да каже
колку недостигања споил,
колку љубови раздвоил,
во кој град,
колку солзи пренел,
колку воздишки донел,
и во која ставка од пресметката
колку да му се одземе,
а колку да му се додаде...

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото