Клукајдрвец смукалка

18.03.2019 11:24

 

Некогаш ноќе станувам
И во сон го отворам сметачот
И менувам букви
На некои стари песни
Чинам со тоа
Ќе ѝ вдахнам смисла на празнината
На животот на поетот
Полуклукајдрвец, пола дрво
Но доста со буквите
Доста со таа преподнослива магија на обликот
Податлив за менување
Пластичен нос, солидни мириси и сеќавања
Како матрици за креирање новини, доволно
Е да свртиш нов лист
Макар и од оние гнилите
Паднати долу крај дрвото
Only change can happened
When you change yourself
поетот е некој што живее
На повеќе места
Во исто време
И во различни времиња на исто место
Страда без видлива причина
Но секогаш успева да стигне на време
И да биде присутен
Во златниот пресек
И таму како клукајдрвец
Да удира со клунот
Во дрвената коричка на умот
Да го поставува прашањето
Ако не сте од овој свет
А овде сте
Што барате тука?
Ако не сте таму
Зошто сте дошле?
И успева да направи дупка
Во кората на умот
И со смукалка да извади
Бисери, дијаманти
И други ѕвездени материјали
Од длабочините на умот
И со нив да направи ѓердан
За својата сакана
Клукајдрвка што го чека
Во безбедноста на друга кора
Во истото невреме,
зашто оној што чека
Знае дека
Чекањето е само прашање
На друг простор
Далечина и пат
И само љубовта е начин
Сите димензии
Да се спојат во едно
И тие што не се од овој свет
Конечно да се вратат
Да се вратат на изворот
Од каде што дошле
Во дупката на клукајдрвката
Што ноќе станува
Да ги смукне гнилите лисја

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото