Лансирана е европска мрежа за проверка на факти за изборите за ЕУ парламентот

20.03.2019 01:19
Лансирана е европска мрежа за проверка на факти за изборите за ЕУ парламентот

„ФактЧек ЕУ“ е името на новата мрежа за проверка на факти која е лансирана денеска од страна на 19 медиуми, членки на „Меѓународната факт-чекинг мрежа“ (МФЧМ), проект на Институтот Поинтер од Флорида, САД.

Конзорциумот „ФактЧек ЕУ“ е составен од медиуми од 13 земји од Европа и ќе има основна задача да врши проверка на изјави/тврдења и на стории кои што ќе се објавуваат, а се поврзани со изборите за Европскиот парламент што ќе се оддржат во мај годинава.

Меѓународната мрежа соопштува дека европската мрежа е создадена од истомисленици, а посебна заслуга има фрацуската медиумска компанија „Либерасион“ и новинарката Полин Муло (Pauline Moullot), кои минатата година добија награда од 50 илјади долари за креирање на дигитална платформа за факт чекинг, „Провери ја веста“.

 Извор: Вистиномер

ОкоБоли главаВицФото