Климатските промени и капитализмот

20.03.2019 01:43
Климатските промени и капитализмот

Прашањето за климатските промени е неблагодарно за масовната политика. Не само што е комплицирано, неговите причини се втиснати во секојдневниот живот толку блиску што е тешко да се видат додека не се случи катастрофа. Целата планета е опфатена со нив: одлуките од една страна од светот ги уништуваат животите на луѓето на другата. Во меѓувреме моќните и богати корпорации одговорни за овој проблем управуваат со институциите задолжени за решение на ова прашање.

Впрочем, мириса на капитализам.

Додека климатските промени беа дел од политичката агенда, наолиберализмот беше во подем. Што значи дека дискусијата меѓу елитите денес е преполна со псевдо-решенија за постоечкиот проблем: обвинувачки апели до индивидуите да преземат лична одговорност за својата консумпција; зелени технологии развиени од страна на приватните компании со јавни средства кои ги задржуваат патентите; пазарни механизми дизајнирани од страна на индустриите кои би требало да бидат уништени; извршни наредби кои предлагаат задржување на постоечката состојба без претерано бранување. Во меѓувреме, мерките за штедење ги изгладнуваат јавните добра и сервисите во момент кога би требало да се зголемат, и разбудените националистички движења ги затвораат границите во момент кога тие треба да се преминуваат.

Оние кои можат да изгубат најмалку од глобалното затоплување нѐ водат кон катастрофа која прво ќе ги погоди црнците, сиромашните и работниците - како буквалните катастрофи кои ќе се појавуваат сѐ почесто и социјалните катастрофи кои ќе настапат ако десничарските движења успеат да ги пренасочат разбирливите стравови во ксенофобни реакции додека богатите ќе се повлечат во своите луксузни бункери.

Поведрата страна на надвиснатите темни облаци се состои во тоа што либералното колебање кое доминираше во дискусијата за климатските промени полека завршува додека брановите полека се поместуваат кон лево. Друго прашање е дали можат да го претекнат растечкото ниво на морето.

Ако капитализмот е причина климатските промени, дали тоа значи дека ни е потребна револуција за тие да се запрат?

Би требало да се надеваме дека не ни е потребна. Визијата на левицата за радикална трансформација може да изгледа како очигледен двигатиел во однос на предизвикот на климатските промени. Но левицата останува историски слаба и враќањето на позицијата на реална моќ не е веројатно дека ќе се случи наскоро - сигурно не во временски период доволен за преземање сериозни акции. Не можеме да го скратиме долгорочниот проект за изградба на социјализмот - но патем не можеме ни да ги заобиколиме климатските акции. Во спротивно левицата ќе ја земе моќта само за да ја дочека управувањето со состојбата на забрзан климатски крах.

Колку и да е неопходно раскинувањето со капитализмот, засега мораме да се фокусираме на решавање на проблемите од климатските промени најдобро што можеме во негови рамки. Тоа значи посилно да се турка декарбонизацијата на начин кој ја поставува сцената за одржливо социјалистичко општество.

Тоа можеме да го направиме само ако нашето движење има силно антикапиталистичко јадро. За среќа, климатските движења постепено се поместуваат кон лево, ставајќи ја климатската правда во прв план и градејќи сојузништва со заедниците кои најмногу се изложени на последиците од екстракцијата на фосилните горива и последиците од климатските промени. Староседелските движења предничеа во борбата на места како што е Стендинг Рок, кои го прилекоа глобалното внимание на алчноста на нафтените компании и ја артикулираа врската помеѓу благосостојбата на заедниците и екосистемите од кои зависат. Социјалистите мораат да им се придружат на борбите против нееднаквоста која го отсликува идниот еко-апартхејд, продолжувајќи да гради масовно движење и борејќи се да постави темели кои ни се потребни за да го надминеме фосилниот (кој се темели на фосилните горива) капитализам.

Киматските промени ја демонстрираат потребата од социјализам. Тие посочуваат на потребата за поголема демократска контрола на индустријата, технологиите и инфраструктурата и повеќе свесни намери како да го изградиме нашиот свет, зошто и за кого.

Да се приграби свесно планирање на сѐ пошироките сектори на економијата и моќта на технологијата значи да се изрази дел од визијата на „старата левица“ - но старата горделивост за „совладувањето на природата“ не значи тоа. Нашиот социјализам се однесува на создавање одржлива политика на среќа и изобилство за мнозинството. Дајте ни леб и рози и паркови и океани.

Секако, дури и овие класични барања стануваат сѐ покомплицирани кога сушата им се заканува на житните посеви и цветните градини, додека шумите горат и океаните стануваат покисели. Климатските промени мора да бидат поттик за левицата да почне да размислува креативно, да се организира експанзивно и да дејствува брзо.

Илустрации: Alexis Rockman

Извор: Jacobin

Слични содржини

Свет / Екологија / Теорија
Активизам / Свет / Екологија / Теорија
Свет / Теорија / Историја
Свет / Теорија

ОкоБоли главаВицФото