Ако треба, ќе спијам со госпоѓата викана Смрт

22.03.2019 01:18

Ако треба, ќе спијам со госпоѓата викана Смрт
за да бидам со суштество со усни цврсти,
да ја зграпчам твојата нова уста со заби на крт
(колк пумпа ќеф во колкот со кој се вкрстил).

Гледајќи како насмевката ти постана струна,
бакнежливо впиена врз нејзиното змиско тело,
решив секоја пролет да те овенчам со круна
од грст буњиштарски црвци од блиското село.

Облечи го вешто твоето месо во глупа леа,
изрази го моќното оружје на твојата коса.
Откако разбрав зошто очите нејни се смеат,
јас секоја година нешто вредно ќе ти носам,

за секој мој подарок надалеку ќе се слуша
а ни педа не ќе доближам до твојата душа.

Превод: Љупчо Бочваров

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото