Драмите имаат предност

22.03.2019 17:46
Драмите имаат предност

 

Превртувам очи за да си ја видам внатрешната убавина.


Тешка сум зашто сум полна со разбирање.


Сакаш ли да ти бидам друштво со ограничена одговорност?


Ја пуштив ринглата на нежно. Ти се готвам.


Он депре, она сија.


Немам хулахоп, ќе вртам со ореолот.


Знам да читам и меѓу редови, ама ти не знаеш што е ред.


Очекувања? Го имам надминато тоа.


Само да оплескам и си одам.


Драмите имаат предност.

Имам прележано спремање испит.


Имам одговарано за петка без да знам.


Тешкото е дур да завршиш школо. После е потешко.


На само чекор сум до одење напред.


Не сум препаметна за годините, младолика сум.


Фармерките од средно можат да ми се фатат на мал прст.


Порано бев опседната со вишна боја, но сега го пребордив тоа.


Во живо сум пофотогенична.


Спијам со репетиран аларм.


Ја сакам суперлативноста на зборчето најлон.

Сите сакаат здрав разум, никој нејќе да се лечи.


Ало полиција, времето ми помина на црвено.


Нонстоп е почесто од везден, но везден е поредовно.


Календарот што го продаде своето Февруари.


Дрвцето си инсталираше Пролет на својот Листопад.


Надвор е понеделник, внатре е некни.


Временските машини се вратија во мода.


Природната селекција се пресели на Интернет.


Си направив деца од лего коцки. Супер се слагаат.

- Кај си ти, шо те нема?
- Сега бев тука, не знам кај отидов.

 

- Ај ма части една тура.
- Една тура мене ми е испод части.

 

- Знаеше дека има грав за ручек?
- Од кај да знам, не гледам на гравчиња.

 

- Маргаринот скокна во тавче и се изгуби.
- Остај го, во хидрогените му е да се губи.

 

- Јогурту, те обожавам!
- Баш ми е ќефир.

Колажи: Eugenia Loli

 

ОкоБоли главаВицФото