Саул Стајнберг

23.03.19 01:13

Саул Стајнберг (1914 – 1999) е еден од најпознатите американски карикатуристи и илустратори. Соработувал со The New Yorker и за себе има кажано дека е „писател што црта“.

Роден во Романија во еврејско семејство, во 1941 се преселил во Њујорк каде почнал да објавува свои цртежи во американски списанија.

Стајнберг го опишуваат како „модернист без портфолио, кој постојано ги преминува границите на неистражената визуелна територија“.

Критичарот Харолд Розенберг напишал дека цртежот на Стајнберг е линија на мајстор и уметник. „Таа, исто така, е и реплика, реченица - тоа е еден вид организиран разговор. Перото на овој уметник-монологист во сликите внесува и зборови, на пример, чудни птици на коктел. Или тие се визуелизации на изговореното какви што се цртежите во неговата книга „Лавиринт", каде што луѓето изговараат цвеќе, низи од монистра, хералдички украси“.

За да го изгради својот лавиринт, Стајнберг требаше само да нацрта линија од А до Б на принципот дека вистината е најдолгото растојание помеѓу две точки: резултатот е огромен лак во кој првобитните две точки се појавуваат како очите на Минотаурот.

Логичар на стереотипи и репетитивните социјални ситуации, Стајнберг ги оживува драмите на апстрактните ентитети, маскирани како луѓе, животни, пејзажи. Сите негови формули, комични главно преку нивната магична изобилност, имаат длабока современа референца.

Извор: The Paris Review

ОкоБоли главаВицФото