Стоп за рудници, профитери назад! – протест во Босилово

25.03.2019 01:44
Стоп за рудници, профитери назад! – протест во Босилово

Младите од Босилово, вчера, преку протестен марш јасно упатија порака дека не сакаат рудник во нивната општина. Граѓани во голем број го започнаа протест кај фудбалското игралиште по што продолжија кон центарот. Поддршка им даде и градоначалникот, Зоран Зимбаков.

„Како млад човек кој студира право и својата иднина ја гледа овде, не можев да бидам мирен и да молчам, гледајќи како ќе ни ја уништат животната средина во која живееме. Мојот дом е овде и не можам да си простам доколку молчам, гледајќи како не’ присилуваат да си ги напуштиме огништата. Мило ми е што гледам како младите не сме сами во битката против профитерите. А како да бидеме сами кога борбата е заедничка, а целта иста. Ова е борба за живот, борба подеднаква за сите! Се обидуваа да ги поткупат нашите сограѓани, да ги убедат како рудникот е добар, но заборавија на нас младите. Заборавија дека ние размислуваме свесно и со бистра глава. Ние знаеме колку губиме, а колку тие добиваат. Заборавија дека младите не се лажат по нивните пари, зашто младите не веруваат во приказни. Реалноста вели дека имаме здрава животна средина што треба да ја зачуваме“, гласи еден од говорите.

Младите од Босилово ги повикаа централните и локалните власти да го решат проблемот.

„Ни ветуваат дека нема загадување – не луѓе, овие ветувања се лажни. Не ги кажуваат нивните реални ветувања, овие ветувања што ги кријат од народот многу вешто. Ви зборувам за тоа дека единствено ветување и факт е тоа дека рудникот ќе ни донесе само загадување. Младите одлучивме, му велиме не на рудникот на смртта. Луѓе, дали профитот ви е поважен од илјадници млади животи? Вреди ли? Да, не вреди. Нашата борба не застанува тука. Ние продолжуваме со оваа борба се додека не стигнеме до нашата крајна цел, односно стопирање на рудникот на смртта“, беше говорот на млада девојка од локалната иницијатива „Младите на Штука-Иловица“, која беше организатор на протестот.

Извор: Радио МОФ

 

ОкоБоли главаВицФото