Роквеловата Америка, во денешна Америка

27.03.2019 01:12
Роквеловата Америка, во денешна Америка

„Слобода од желба“ - Норман Роквел

Хенк Вилис Томас во 2012 година го здогледал постерот со слика од Норман Роквел на која е прикажано семејство на празнична трпеза. За Томас (42), црн уметник израснат на Менхетен, бледоста на Роквеловото ремек-дело не е баш најверен приказ на хетерогената Америка, каква што ја искусил Томас. Затоа тој создал сопствена слика.

Во мај, Томас со фотографката Емили Шур изнајмил куќа во Лос Анџелес. Таму направиле неколку фотографии кои ја евоцираат „Слобода од желба“ на Роквел, една од четирите слики инспирирани од говорот на Френклин Д. Рузвелт од 1941 година пред Конгресот на САД за американската слобода и демократските вредности.

„Сликата ме прогонуваше заради светот во кој живееме“, вели уметникот, алудирајќи на денешните политички прилики.

„Сакав да замислам како тоа би изгледало денес.“

Роквел, кој почина пред 40 години, се наоѓа меѓу највлијателните американски илустратори.

Серијата „Четири слободи“ во моментов ја обиколува Америка во чест на неговата 75 годишнина, а архивата на Saturday Evening Post, книжевно списание во кое се објавувани делата на Роквел, сега е достапна и онлајн.

Меѓутоа, она што го оживеа делото на Роквел е интерпретацијата на класичните слики. Томас е еден од бројните уметници кои го рекреирале делото „Четири слободи“, повеќето инспирирани од расните и политичките тензии во Америка.

Меѓу нив е и Морис (Попс) Питерсон, 60 годишник кој останал парализиран во 2014 година во фатална престрелка во Мисури кога полицаец усмртил црн човек.

„Не сме сите ослободени од стравот“, вели Попс.

Тој во 2015 година со помош на својот ајфон снимил компилација со фотографии „Слобода од што?“, инспирирана од „Слободата од страв“ на Роквел.

„Слобода од желба“ - Меги Мајнерс

Во интерпретацијата на Питерсон, црн човек држи весник на кој се напишани зборовите „Не можам да дишам“ кои упатуваат на случајот со црниот човек кој настрадал во 2014 година откако го давела полицијата.

„Тогаш мојата уметност стана лична“, објаснува тој.

Портретите на Роквел за Америка во четириесеттите и педесеттите години биле популарни, но ограничени на бели субјекти кои главно биле пријатели или познаници на уметникот.

„Четирите слободи“ на Роквел служеле како поттик за патриотизам во земја која се подготвувала за војна.

Лори Нортон Мофат, директорка на Музејот Норман Роквел, истакнува дека музејот ја препознава вредноста на уметничкото дело на Попс и другите уметници, зашто тежнее идеалите прикажани на сликите на Роквел да ги поврзе со денешната култура и денешното време. Тие на тој начин продолжуваат да живеат и да бидат релевантни.

Меѓутоа, нивната вредност упатува и критика на сметка на делото на Роквел кое првенствено и доминантно било наменето за белата публика.

Меги Мајнерс (46), уметница од околината на Чикаго, го посетила Музејот Норман Роквел во 2008 година и ја вџашила средовечната двојка на чело на масата на сликата „Слобода од желба“.

Таа во 2015 година ја реинтерпретирала сцената прикажувајќи двајца оженети геј пријатели како ги послужуваат гостите.

„Слобода од што?“ - Морис (Попс) Питерсон, инспирирана од „Слобода од страв“ на Норман Роквел

 

Извор: New York Times/International Report

Слични содржини

Свет / Технологија / Уметност
Свет / Уметност / Филм
Јавни простори / Свет / Уметност
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото