Сончев систем – урбана акција на крајбрежјето на Дојранско Езеро

27.03.2019 14:02
Сончев систем – урбана акција на крајбрежјето на Дојранско Езеро

„Сончев систем“ е нова урбана акција осмислена, креирана и направена за збогатување и креативно интервенирање на просторот на Дојранското крајбрежје.

Акцијата е дел од акциите на Центарот за современи уметности, односно групата урбани уметнички акции наменети за оплеменување на јавните простори и збогатување на амбиентално пејзажните вредности на малите места и малите општини низ Македонија.

„Самата акција претставува просторна интервенција со димензии 9 на 5 метри во која се поставени модели на сите 8 планети од сончевиот систем и сонцето. Планетите се правени реалистично, а нивните големини се во сооднос со нивната големина во однос на сонцето. Едновремено за зајакнување на едукативниот дел на оваа инсталација покрај секоја планета ставени се таблички со основни податоци за планетата“, велат активистите, автори на акцијата.

Акцијат е е дел од проектот Креативни заедници на Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Слични содржини

Активизам / Јавни простори / Свет / Теорија
Општество / Активизам / Јавни простори / Живот
Активизам / Јавни простори / Култура / Уметност

ОкоБоли главаВицФото