Nec plus ultra

27.03.2019 14:54

Ми рекоа да те побарам
А јас сакав само да барам и барам.
Не ни помислив
Што ќе правам со тебе
Ако те најдам.
Би те посеала ли в земја ко семка?
Би те хранела ли ко домашно животно
Сметајќи го приходот од крзното и месото,
Од волната и млекото?
Или, напротив, би се предала
Да ме проголташ ко ѕвер?
Или божем в честак
Би се изгубила од страв во тебе?
Или божем в пропаст
Би му се препуштила на падот
Не насетувајќи ја длабочината?
Или божем в море
Би се закопала во рибите?
Ми рекоа да те побарам,
А не да те најдам.

Препев: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото