Предавање на Зденка Бадовинац во МСУ

28.03.2019 03:08
Предавање на Зденка Бадовинац во МСУ

На 28 март (четврток) со почеток во 20.00 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе одржи предавање Зденка Бадовинац (Zdenka Badovinac), кураторка и директорка на Модерната галерија во Љубљана, Словенија. Предавањето е именувано „ Збратименоста: Кураторството, уметноста и политиката во пост – социјалистичка Европа“

„Се наоѓаме во втората декада во која Западот има интерес за уметноста на ‘другите’ простори. Постојат многу причини за ваквиот развој, вклучувајќи го падот на комунизмот во раните деведесетти години, проследен со нова геополитичка ситуација во Европа, како и брз процес на глобализацијата во оваа иста декада, сето ова имајќи долгорочен ефект во промената на светската – мапа на уметноста.“

„Збратименоста: Кураторството, уметноста и политиката во пост – социјалистичка Европа“ е збир текстови комплетирани во текот на дваесет години од различни и понекогаш тешко достапни извори, како и нови текстови на прогесивни размислувања на словенечката кураторка, директорка на музеј и експерт Зденка Бадовинац.

Бадиновац е влијателен глас во меѓународните дискусии кои ја промислуваат геополитиката на уметноста по падот на комунизмот, како гласен критичар на нееднаквите преговори помеѓу Истокот и Западот, и историчар на авангардната уметност која произлезе во социјалистичките и пост – социјалистички земји во минатиот век. Освен тоа, таа е застапник на радикални институционални форми на делување, односно музеи кои ќе одговорат на комплексноста на минатото како и сразмерно на барањата на сегашноста.

Зденка Бадиновац е кураторка, писателка, и директорка од 1990 на Модерната галерија во Љубљана која од 2011 се наоѓа на две локации: Музеј на модерната уметност и Музеј на современата уметност Метелкова. Во нејзината работа, Бадовинац ги нагласува тешките процеси на редефинирање на уметноста наспроти авангардните традиции во склоп на современата уметност. Една од првите изложби во која Бадиновац ги потенцира овие прашања е „Телото и истокот – Од 1960-тите до денес“ (1998). Исто така, таа е иницијатор на првата источно европска уметничка колекција, Arteast 2000+. Еден од нејзините најважни проекти е: „NSK oд Kapital дo Capital“, „Neue Slowenishe Kunst – The Event of the Final Decade of Yugoslavia“,  Модерна галерија, 2015 (Изложба поставена и во Van Abbe Museum, Eindhoven, (2016), Garage Museum of Contemporary Art, Moscow (2016) и во Museo Reina Sofia, Madrid, (2017); „NSK State Pavilion“, 57-мо Венециско Биенале (2017) во ко – кураторство со Charles Esche и други. 

 

ОкоБоли главаВицФото