Понизност

28.03.2019 13:12

Не можам денот да го спречам
Да има дваесет и четири часа.
Единствено можам да ти речам:
Прости ми што денот трае толку долго.
Не можам пеперугите да ги спречам
Во нивниот изблик од гасениците, вон!
Прости ми и за пеперугите и за гасениците,
Единствено тоа те молам со понизен тон.
Прости ми што цветчињата стануваат овошки,
А овошките голушки,
А голушките повторно дрвја овошни!
Прости ми што изворите стануваат реки,
Реките мориња, а морињата океани.
И што љубовите стануваат новороденчиња,
А тие осами, а осамите љубови.
Ништо, ништо не можам да спречам.
И последното песочно зрнце, и мојата крв,
Сè си ја следи судбата своја
Без да ме праша мене за тоа.
Единствено можам да ти речам –
Прости ми, прости ми.

Препев: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото