Не го силувајте Скопје (2009 - 2019)

29.03.19 13:28

На 28 март, во 2009 година на скопскиот плоштад „Македонија“ се собраа неформална група студенти и млади архитекти „Прва архи бригада“, кои протестираа со транспаренти „Не го силувајте Скопје“, револтирани од идејата за изградба на црква насред централниот плоштад.

Нивниот собир беше насилно прекинат.

Полицијата не ги заштити студентите и активистите од жестокиот напад на поголем број контрадемонстранти, кои беа повикани од приврзаници на тогашната владејачка ВМРО - ДПМНЕ да дадат поддршка за изградба на црквата.

Идејата за црква на плоштад Црквата беше предвесник на контроверзниот проект „Скопје 2014“, за кој беа потрошени 700 милиони евра, пари на граѓаните.

Фотографии: Небојша Гелевски

ОкоБоли главаВицФото