НаТочак: Како тоа нема место за велосипедски ленти?

30.03.2019 13:12
НаТочак: Како тоа нема место за велосипедски ленти?

Членовите на НаТочак направија акција со која сакаат да укажат дека на улиците има место и за велосипедски ленти кога не би имало толку паркирани автомобили.

„Ни викаат: Нема место за велосипедски ленти! Зошто да нема место за велосипедски ленти, а низ градот има многу коловозни ленти кои секогаш се блокирани од коли со изговор ‘се враќам за 5 минути’, ‘само да завршам работа’, ‘чекам некого’? Пред кафичи само да пијат кафе, пред трафики само да купат цигари, пред обложувалници само да уплатат ливче, пред банкомати само да извадат пари…“

Активистите прашуваат како тоа градот секогаш има место за цели резервирани ленти кои се блокирани од паркирани коли, а нема место за велосипедски ленти на кои ќе се одвива велосипедски сообраќај?

„Зелен сообраќај. Ведар сообраќај. Луѓе со насмевки, луѓе што размислуваат за помал метеж, поевтин транспорт, почист град, подобро здравје… Наместо мртви ленти ни требаат велосипедски ленти на кои ќе се одвива жив велосипедски сообраќај! Место има насекаде низ градот. Треба само поинаков поглед“, пишуваат велосипедистите на социјалните мрежи.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото