Срцето со сила ми ги начука годините!

01.04.2019 00:25
Срцето со сила ми ги начука годините!

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја и Горан Танчевски.

 

Тања Аждаја
Не бев јас, срцето ми ги начука годините со сила.


Горан Танчевски
Старците се начукани?


Тања Аждаја
Па каква тупаница е срцето, ништо чудно.


Горан Танчевски
Ти посакувам барем 100 начукувања.


Тања Аждаја
Тоа се премногу очекувања во минута.


Горан Танчевски
Важно е да не се гледаат на тебе, тоа не е малку ќотек.


Тања Аждаја
Па, јас не би кажала, али срцето може да ме откуца.


Горан Танчевски
Тоа ако одиш на кардиолошки преглед. Подобро оди на кардиодобар преглед.


Тања Аждаја
Многу коронарно не е на арно.


Горан Танчевски
Тоа е веќе стент ивент.


Тања Аждаја
Да, да, тропачки инструмент е во коморниот оркестар „Удри машки“.


Горан Танчевски
Ако удриш женски се казнува со закон.


Тања Аждаја
Да, тоа е епикардинална грешка.

Горан Танчевски
Без стрес, земи такси. Тие се обучувани во школа за такси возачи „Тахикадрија“.


Тања Аждаја
И пукаат на све живо - вооружани се со тешка артерија.


Горан Танчевски
А на рацете имаат венов дијаграм.


Тања Аждаја
(меѓу нас ова: од Стент-департментот им е наредено така)


Горан Танчевски
И мене тие од Стент-департментот во последно време ми се гледаат продувани.


Тања Аждаја
Реков еднаш дека се продувани и систолам на зборот!


Горан Танчевски
Да те поканам на маса за двајца диастола?


Тања Аждаја
Не можам сега, гледам Пулсирања.


Горан Танчевски
Ич не доаѓај без пулсирања. остани каде што си.


Тања Аждаја
Ама добро, и од тука слушам кај шумат срцата.


Горан Танчевски
Шумат и азбуките.


Тања Аждаја
Плачат за зборовите - изиграните :))


Горан Танчевски
Поради состојбата на буџетот за одбрана се воведоа две нови вежби - гласно тропање со коњи и фрлање со пушки во далечина.


Тања Аждаја
Мене ме интересира повеќе лексичката шума: азБуки, зБорови, лИменки и Златен даб :))


Горан Танчевски
Јас сум повеќе за лексичка салата со зЕлка. Би ставил и кактус ама се плашам дека е претерано иглолистен. Златен даб може, само без влакна од Старопрамен.


Графити: Banksy

 

 

ОкоБоли главаВицФото