Април

01.04.2019 13:11
Април

Април во Рим бил месец посветен на Венера, божицата на љубовта, сексот, убавината и плодноста. Први април им бил посветен на Венералиите (Veneralia), празник во чест на Venus Verticordia („Венера која ги преобратува срцата).

„Април“ е, инаку, од латинското Aprilis, името на вториот месец во стариот римски календар. Aprilis е можеби од Apru, етрурското име на грчката божица Афродита (грч. Ἀφροδίτη), или од *ap(e)rilis "следниот," т.е. вториот месец во календарот. Народната етимологија го врзува со глагол aperio "отворам".

Венералиите се чест мотив во сликарството. Најпозната е сликата „Празникот на Венера“ на Рубенс (1636/7), денес во Kunsthistorisches Museum во Виена.

 

Слични содржини

Историја
Култура / Историја
Култура / Историја
Историја
Историја
Историја
Историја
Историја

ОкоБоли главаВицФото