Потсетник

01.04.2019 13:32

Уметничкиот свет е полн со никаквеци.
Книжевникот е полош од трговецот, поперфиден од политичарот.
Успехот во уметноста е поврзан со заглибување.
Библиотеките се места на тапост и духовна отсутност.
Читањето весници е вид неизлечива болест.
Секое делување е чудовишно застранување.
Планетата е зафатена од епидемија на медиокритетство.
Градот е одвратно место за живот, но без него не можеме.
Ништо толку не нè понижува колку беспарицата.
Селаните некогаш имаа вера, граѓаните ништожество:
Сега ништожеството продрело и кон селото.
Од година на година човекот се унижува.
Кога некого ќе засакаме, веднаш гледаме како да го заробиме.
Постојаните поскапувања водат директно во пропаст.
Душата е она што се случува во човечкото Битие
Кога тоа ќе се најде надвор од сите односи и врски.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото