Како победи Чапутова во конзервативната Словачка, иако се бори против корупција и за ЛГБТ права

02.04.2019 01:55
Како Зузана Чапутова растури на изборите во конзервативната Словачка, иако ја поддржува ЛГБТ заедницата и се бори против корупцијата

Зузана Чапутова, 45 – годишна адвокатка и долгогодишна активистка за човекови права, која до пред една година беше речиси непозната на национално ниво, по убедливата победа во првиот круг на претседателските избори во Словачка со добиени 40,57 отсто гласови и во вториот круг на изборите освои околу 60 отсто од гласовите и стана првата жена претседател на Словачка.

Значи, таа освои двојно повеќе гласови од Шефович, член на Европската комисија и комесар на ЕУ за енергија, кој беше поддржан од владејачката десничарска партија на поранешниот премиер Роберт Фицo, кој пак спроведува популистичко – националистичка пропаганда и ги хушка граѓаните против мигрантите; против Сорос, Европската унија, како и против критички ориентираните новинари. Шефович се залагаше за конзервативни вредности и традиционолно семејство, за разлика од Чапутова, која во фокусот на нејзината кампања ја стави борбата против корумпираните политичари и клиентелизмот и се залагаше за правна држава и повеќе демократија.

Зошто овие избори беа исклучително важни

Предизборниот слоган на Чапутова „Се бориме заедно против злото“ го прифатија десетици илјади демонстранти кои протестираа против корумпираната влада. Мнозинството Словаци во анкетите истакнуваа дека овие избори се пресвртница затоа што граѓаните избираат помеѓу авторитарните и корумпирани политичари и демократијата и правната држава. Аналитичарите пак, предупредуваа дека Словачка се соочува со криза на довербата во политиката и дека сè повеќе луѓе се сомневаат во демократските вредности. Затоа бараа тој тренд да се сопре, бидејќи во спротивно екстремистите добиваат уште повеќе простор.

Сите беа свесни дека на овие избори Словачка ја избира својата иднина и ја одредува насоката во која ќе се развива политичкиот, општествениот и економскиот живот. Претседателот во Словачка има главно протоколарна функција, но има клучна улога во доделувањето на мандатите за формирањето на владата и именувањето на судиите. Уште во првиот круг, резултатите покажаа дека Чапутова беше единствената што успеала да ги обедини сите оние кои се побунија против етабилираните политичари.

Ги поддржува геј браковите и посвојувањата

Во текот на кампањата Чапутова трвдеше дека „правдата во Словачка не важи секогаш за сите подеднакво“ и вети дека ќе се заложи за итни и системски промени во полицијата, обвинителството и судството. Особено истакнуваше дека полицијата мора да биде заштитена од политизација, идеолошко злоставување или корумпирани функционери. Таа отворено говореше за редица табу теми, па така, меѓу останатото го поддржа првото на легализација на истополовите бракови.

Во Словачка која е изразито католичка земја, таа не се колебаше да ја отвори темата за можноста за посвојување деца од стрна на хомосексуалните двојки: „Сакам дететот да има биолошка мајка и биолошки татко. Ако детето би требало да расте во некоја установа, тогаш подобро да живее со родители исполнети со љубов, дури и ако се од исиот пол“, рече таа.

Што се однесува до прашањето на абортусот, Чапутова се застапува за ставот дека одлуката за тоа мора да ја донесат жените зашто тоа е нивна одговорност. Освен што тврдеше дека грижата за старите луѓе во Словачка е проблематична и често запоставена, се залагаше за сериозна, смирена и осмислена расправа за темата еутназија. Објаснуваше дека на секој човек треба да му се обезбеди достоинствен крај на животот. Чапутова инсистираше дека заштитата на средината мора да стане една од главните теми во политичкиот живот, а не како досега, да биде сосема маргинализирана.

Се обидоа да ја дискредитираат со лаги

Исто така, таа вети тотално престројување на правосудниот систем за кој тврдеше дека е во служба на заштита на политичарите и нивните пријатели. Но, тоа не е единственото по кое длабоко се разликуваше од повеќето претседателски кандидати и досегашната политика во Словачка. Чапутова е изразито проевропски ориентирана политичарка која го поддржува членството на Словачка во ЕУ и НАТО пактот, позитивно зборува за настојувањата на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, ЕУ подлабоко да се интегрира во стопанството и одбраната што е потполна спротивностсо доминантните политички тенденции и расположенија во соседните Полска и Унгарија, чии националистички влади ја еродираат демократијата.

Заради таквите ставови, ја обвинуваа дека е лезбејка и дека поради тоа се развела, иако веќе долго има животен партнер. Поранешниот премиер Фицо зборуваше дека таа е фанатичен либерал кој „го растура традиционалното семејство“, дека на Словачка не ѝ треба таква политичарка, туку претседател „со нормална ориентација“. На Фејсбук, меѓу другото, ја обвинуваа дека е Еврејка, дека во Словачка сака да воведе морален хаос, а многумина тие обвинувања ги припишаа на „прокремаљските канали на дезинформации“. Чапутова призна дека била вчудоневидена од обвинувањата и интензитетот на тие напади за кои рече дека се „полни со омраза и втемелени на лаги“.

Како почнала да ја гради кариерата

Но и покрај жестоките напди, таа остана сосема мирна, а за својата смирувачка пристојност тврдеше дека е инспирирана од филозофијата на индискиот политичар Махатма Ганди и поранешниот чехословачки претседател и дисидент Вацвал Хавел. Притоа практикува зен будистичка јога, која како што тврди, ѝ помогнало под контрола да ги задржи емоциите. Се покажа дека имаше право кога говореше дека апсолутно верува во способноста и зрелоста на словачките гласачи да разликуваат што е вистина, а што не е.

Наспроти силниот стопански раст, рекордно ниската невработеност и растечкиот животен стандард, овие избори покажаа дека големото мнозинство Словаци им го сврти грбот на ксенофобичните, корумпирани политичари и на традиционалните политички партии. Иако на кампањата потрошила само 200 илјади евра кои биле собрани со мали донации на граѓаните, Чапутова успеа убедливо да ги порази противниците.

Зузана Чапутова почнала да ја гради кариерата пред десетина години кога се спротивставила на градењето на илегална депонија во градот Пезинок, во западниот дел на Словачка, срцето на регионот во кој се произведува вино и на брановите на антивладините протести што предизвика убиство ан 27-годишниот новинар Јан Куциак и неговата свршеница Мартина Кушнирова. Чапутова се спротивставувала на депонијата тврдејќи дека ќе го загади воздухот, водата и почвата во околните подрачја.

По долготрајна борба, во 2013 година, Врховниот суд ја забрани изградбата на депонијата заради кршењето на елементарните еколошки стандарди. Еден од нејзините најжестоки противиници во тој спор беше и некогаш влијателниот бизнисмен Мариан Кочнер, кој беше обвинет дека нарачал и платил 80 илјади евра за убиството на новинарот Јан Куциак. За борбата против депонијата во Пезинок, Чапутова во 2016 година беше наградена со престижната Голдманова награда која ѝ ја додели меѓународното жири со експерти од целиот свет.

Откако во 1996 година дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот Комениус во Братислава, Чапутова се вработила во локалната управа на градот Пезинок каде станала заменичка градоначалник и реализирала бројни проекти. Од 2001 до 2017 година работела како правничка во непрофитната организација Via Iuris во која се занимавала со јавната управа, проблемите на злотавуваните деца, застапување за владеење на правото и правдата, одговорноста на државните функционери, транспарентното постапување со јавниот имот и јакнење на јавната контрола на држаните институции.

Денес има адвокатска канцеларија. Во декември 2017 година политички се кативирала како членка на партијата Прогресивна Словачка, во јануари 2018 година била избрана за потпретседателка на партијата, а во март ја објави својата кандидатура за претседателка на државата.

Извор: Telegram

 

ОкоБоли главаВицФото