1017 hPa
63 %
17 °C
Скопје - Вто, 17.09.2024 10:33
Денеска (среда, 3 април) во 12,30 часот во Музејот на Република Северна Македонија ќе биде отворена изложбата „Мемо Сулејманов македонски атлетски рекордер“, на која ќе бидат презентирани предмети од фондот на Мемо Сулејманов (1926, Велес - 1984, Скопје), основоположникот на македонското маратонско трчање.
Авторот на изложбата д-р Драган Георгиев од Историскиот оддел на музејот пишува:
„За љубителите на атлетиката и неговите другари, Мемо Сулејманов ќе остане запаметен како атлетичар кој настапувал во трките на долги патеки. Во годините по војната и почетокот на педесеттите години од минатиот век, бил македонски рекордер во повеќе атлетски дисциплини истовремено. По завршување на неговата долга и богата спортска кариера, на сите позначајни манифестации доаѓал во улога на фоторепортер. Сите сакале да се фотографираат со него. Неговата кариера како активен спортист траела мошне долго, а подоцна своите знаења и богатото искуство ги пренесувал на младите атлетичари на АК „Вардар“.
Изложбата ќе ја отвори Македонка Коцева, раководител на секторот за заштита на културното наследство во Министерството за култура.