Изложба - Модерни трендови во унгарската фотографија од XX век

05.04.2019 13:00
Изложба - Модерни трендови во унгарската фотографија од XX век

Вечерва во 19 часот, во Мала станица ќе се отвори изложбата „Модерни трендови во унгарската фотографија“. Изложбата е дел од Неделите на унгарска култура во Македонија, во организација на амбасадата на Унгарија, Унгарскиот музеј за уметност и Дирекцијата за култура и уметност.

Во периодот меѓу војните Унгарија била во врвот во поглед на важноста на нејзините фотографи. Фотографиите на Андре Кертес , Ласло Мохоли-Наѓ, Брасај (псевдонимот на Ѓула Холас) и Мартон Мункачи се дела кои се сметаат за апсолутни икони на фотографијата.

„Изложбата има за цел да ги истакне прогресивните идеи што оставија голем печат во уметничката фотографија на Унгарија во 20. век преку дела од светски познати фотографи и други уметници кои досега беа попознати во Унгарија отколку во останатиот дел од светот. Изборот е направен од колекциите што се наоѓаат во Унгарскиот музеј на фотографија“, велат од унгарската амбасада.

 

ОкоБоли главаВицФото