Кого умрам не лажам

05.04.2019 16:58
Кого умрам не лажам

 Едниот оган му рекол на другиот: Не знаев дека се ложиш на дрвца.


Не сум била во ниеден клас, затоа сум слама.


Извини што те разочарав од тебе.


Ти го пробав светот, мал ми е.


Сѐ беше прекрасно, но почна да ми поставува граници и не можев да преминам преку тоа.


Секогаш погледнувам лево десно пред да преминам граница.


Он мене 'Kучко!', а јас него безрезервно го под'ржувам.


Тој ѝ нуди искуство, а таа бара траума за озбилно.


Побрзо плачи, ќе задоцниме.


Ме газат ко да сум им отскочна даска.

Дозволи ми да ти го опишам фустанчето на кратко.


Здраво, дојдов да ми го стесните кругот.


Однатре сум поставена со знамето зашто се имам освоено.


Секое наредно доаѓање на себе ми е сѐ посвечено.


Oдам напред со точакот, а зад мене awareness се крева.


Се чувам ко да сум своја.


Ќе ме познаеш по рацете. Кренати ми се од сѐ.


Клучот од мојата среќа го голтна Том во еден цртан со Џери.


Кого умрам не лажам.


А може сѐ што ти треба е нова нервна база.

Носење отворени кондури?! Па тоа е сандалозно!


Секој ден, во секој поглед, јас сум сѐ по до бар и по до бар.


Келнер, ова не се моите солзи!


Ајде Аладине, отвори ја ламбата, покажи малку фри спирит!


Брзи Гонзалес е од Пандишпанија.


Каролина пее од мали нозе, а Сури од Студени.


Омилен инсект ми е штурчето Сескри.


Гуштер е жаба што пиела кафе ко мала.


Мачкина живеачка е бабина деветина.

Леле ова качамаков, ко од друга палента да е.


Пијам смути со брзина на спирулината.


Јадам мед со пчелична волја.


Си носам фурна со себе. Ако некој ми го земе лебот од уста.


Повторно на диета, глад демит.


Гладен веган има јачмен на око.


И кафето е јадење, од моја гладна точка.


Толку Fit-Slim сендвичи изедов, сега ако не ослабам нема кога.


Не сум здебелена, борбата за опстанок ми доби пошироки размери.


Дојдов само да ви испеам „I can be your гиро babe”. My job here is döner.

Уметнички правци: Поезија и Пораз; Поезија и Прозак.


Постела од еднорози.


Aminoacid jazz.


Белешка за аватарот.


Винска душичка.


Метро и билет.


Охридско цвеќе: Охридеја.


Don't everest.


Пиши пробало.


И велиш штетата е на Правен, а?

Слики: Jorge Santos

ОкоБоли главаВицФото