БиХ влегува во ЕУ на местото на Велика Британија

08.04.2019 01:49
БиХ влегува во ЕУ на местото на Велика Британија

Премиерката Тереза Меј на Босна и Херцеговина ѝ го понуди слободното место во Европската унија кое ќе остане испразнето откако Велика Британија ќе излезе од ЕУ. Таа се надева дека тричленото претседателство ќе ја искористи оваа единствена можност најзаостанатата држава во Европа преку ред да дојде во членство во заедницата на европските држави.

И претставниците на европските институции го поддржаа овој предлог и на БиХ ѝ понудија пристап по забрзана постапка. Порачуваат дека властите не треба многу да размислуваат зашто за 10 години и онака нема да има многу граѓани кои ќе останат да живеат во БиХ.

„Нудиме место без исполнување услови и обврски на европскиот пат кои БиХ секако не е во состојба да ги исполни дури ни за 50 години“, изјавија во Брисел.

Домашните политичари на состанок кој беше договорен по итна постапка ќе разгледаат дали ќе ја прифатат оваа понуда, а како што дознаваме можно е и распишување референдум во Република Српска за пристапување кон Европската унија.

„Ова е навистина голема шанса за нашата држава. Штета е ако не ги искористиме сите поволности кои ги пружа членството во ЕУ и ако не ги подигнеме новите кредити со кои ќе ги отплатуваме старите за одржување на државниот апарат“, истакнуваат тие.

Извор: https://50nijansipive.com/

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото