Почивај во мир Билјана!

08.04.2019 07:38
Почивај во мир Билјана

Ана: Кога последен пат почувствувавте дека духовно паднавте?

Билјана Беличанец: Ах, паѓањата се постојани. Се случува во текот на едно деноноќие да имам раб или падови, но наеднаш да се дигнам нагоре. Затоа е важно животното искуство, оти ако првиот пат падот траел неколку денови, сега, откако пред повеќе од десет години останав бремена со првото дете, сфатив дека нема да можам да си дозволам толку да уживам во сопствената самотија и во она ѓаволчето од страна, нели како кај Том и Џери што се јавува едно ѓаволче и едно анѓелче (се смее), да се дружам со ѓаволчето и да дозволам да ме влече надолу. Значи откако станав мајка инстинктот ми вели дека немам време за падови и за долготрајни екскурзии на дното. Прво нешто што не учеа на ФДУ е како да ги меморираме лошите работи, лошите емоции, тагата, болката, да ги запамтиме и некаде длабоко во нашето чекмеџе да ги складираме, за кога работиш некоја улога просто да си го отвориш чекмеџето и да си ги повикаш тие емоции. Затоа можеби неколкупати на несреќата и на тагата свесно сум им фрлала ракавици, или на онаа црна и темна страна на карактерот која сите ја имаме, иако некои се обидуваат да стават розови очила за да имаат поубав поглед.

Ана: Ве плаши ли крајот? Ве плаши ли смртта?

Билјана Беличанец: Не. Факултетот по глума многу ми помогна да се запознаам себе си. Моето верување е дека не треба да плачеме кога човекот умира, ами треба да го исплачеме кога ќе се роди. - Билјана Беличанец во прекрасниот разговор на тема: „Другата страна на животот“ што го правевме во емисијата „Пулс“ на ТВ Алфа, 2010 година

Почивај во мир!

 

ОкоБоли главаВицФото