Повик за учество во Школа за ангажиран стрип

08.04.2019 09:10
Повик за учество во Школа за ангажиран  стрип

Школата за ангажиран стрип ги повикува младите на возраст од 18 – 27 години, заинтересирани за стрип да се пријават за учество во Школата за ангажиран стрип, која ќе се одржи во периодот април- ноември 2019 година. Првиот дел ќе започне на 19 април и ќе трае до 15 јуни и вториот, ќе се одржи во септември и октомври, 2019 година.
Планирани се предавања, работилници, проекции на играни и документарни филмови чиј фокус е стрипот, изработка и поставување на стрип постери во јавен простор.
Во декеври ќе биде издадена публикација по што ќе следи и изложба со селекција од сработените стрипови.

Во текот на школата ќе се одржат вкупно 8 креативни работилници низ кои ќе изучуваат темите: анатомија, техники на цртање, цртање на карактери, изработка на стрип карикатури, стрип во форма на плакат, стрип каиш, визуелна нарација, како и работилница за креативно пишување, приказна и дијалог.

Планирани се и повеќе предавања посветени на историјата на стрипот (европски, американски, македонски), стрипот и теоријата, стрипот и литературата.

Во фокусот на Школата за стрип е социјално ангажираниот стрип. Ќе се изучуваат уметничките практики со кои се промовира стрипот како медиум, кој придонесува кон социјално ангажираните практики и цели кон зајакнување на правата на маргилизираните заедници , вклучувањето на исклучените и осветлување на бројните животни приказни на поединците и заедниците, приказни што не можеме често да ги видиме во делата на стрип авторите, ликовните уметници или пак во традиционалните медиуми.

Школата за стрип има цел да понуди иновативен пристап кон поимањето и потенцијалот на стрипот како медиум низ кој може да се артикулираат релевантни прашања и проблеми во нашето општество.

Предавачи на Школата за стрип се истакнати автори од различни области како: Томислав Османли, Славчо Димитров, Жарко Букинац, Далибор Плечиќ и други.
Работилниците ќе ги водат ликовните уметници Ѓорѓе Јовановиќ, Владинир Лукаш.

Сите заинтересирани можат да се пријават на gjovanovik@gmail.com со кратка биографија и со селекција од 5 цртежи или 2 до 3 фрагменти од авторски стрип доколку веќе имаат работено стрип.

Рокот за пријавување е 17 април, 2019 година.

Учеството во Школата за стрип е бесплатно.

 

ОкоБоли главаВицФото