Почина режисерот Златко Славенски

08.04.2019 16:15
Почина режисерот Златко Славенски

На 53 годишна возраст денеска во Скопје ненадејно почина познатиот македонски режисер Златко Славенски. Славенски беше редовен професор на Факултетот за драмски уметности каде предаваше театарска режија.

Славенски во богатата кариeра ги има поставувано текстовите на Шекспир, Гете, Пинтер, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски.

Тој беше режисер на низа тетарски претстави: „Кавкаски круг со креда“ на текст на Бертолд Брехт, „Сината птица“ , „Папокот на светот“, „ Безљубни“, „Супенова“, Амадеус“, „Лифтот од горе“.

Славенски ги режираше и „Абел – Собрани дела на Вилијам Шекспир“, „Будење на пролетта“, „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“, „Сонот предизвикан од летот на пчелата околу една калинка, секунда пред будење“, „Констанца – Амадеус“, „Марика, Јадранка – Сон…“, „Цвета – Време за сонување“.

 Фотографија: 1ТВ