Утопија за реалисти

12.04.2019 00:37
Утопија за реалисти

Дали животот во иднина ќе биде полесен? „Ајде да почнеме со лекција по историја: во минатото, сѐ било полошо. Во 99 проценти од светската историја, 99 проценти од човештвото било сиромашно, гладно, валкано, исплашено, глупаво, болно и грдо“, пишува триесетгодишниот холандски историчар Рутхер Брегман, прославен како заговорник на универзален приход, 15 часовна работна недела и отворање на границите.

Ако не размислувате за минатото на овој мрачен начин како Бергман, а размислувате за иднината, мала е веројатноста дека во неа ќе ја согледате оваа утопија - соочени со релативноста на задоволството, навикнати сме да размислуваме дека светот станува сѐ полошо, сѐ понепријатно место. Песимизмот е инхерентен за модерната култура. И покрај тоа, Брегман, кого го нарекуваат „најистакнатиот млад мислител во светот“, го тврди спротивното - според него светот станува сѐ подобро и подобро место.

Имено, според Брегман, забрзаниот технолошки развој во изминатите 200 години го направил животот драстично полесен и попријатен и тоа - за милиони луѓе. Бројноста на луѓето се зголемува меѓу другото и затоа што луѓето се поздрави, живеат подолго, поквалитетно се облечени, заштитени и информирани. Технологијата не го зголеми само приходот, туку ја олесни и самата работа, па дури и животот во домаќинствата.

Паралелно со тоа, времето кое го поминува човекот на работа се намалува - работната недела значително се намали во последните два века, а според мислењето на Брегман, заради дополнителниот приход, работата во иднина ќе биде сѐ пократка и пократка.

И додека Блез Паскал во 17 век во опишуваше животот како „џиновски бран солзи“, два века подоцна, кога индустријализацијата почна да се шири во светот, британскиот филозоф Џон Стјуарт Мил ја смисли кованицата „евангелието на задоволството“, наведувајќи дека смислата на технолошкиот развој и стекнувањето богатство не е ништо друго туку намалување на работата, па така и скратување на работната недела.

Рутхер Брегман

Во една мошне мрачна ера, среде големата депресија, во триесеттите години на 20 век - на предавање во Мадрид, неколку години пред Шпанската граѓанска војна - таткото на модерната економија, британскиот мислител Џон Мајнард Кејнс го предвидува токму тоа: и покрај песимизмот на епохата, понатамошниот економски развој во светот води само кон едно - пократка работна недела и поудобен живот со повеќе слободно време.

Идејата за идното намалување на работната недела во практиката денес се појавува повремено, понекогаш на левичарските форуми и во некои социолошки истражувања. Некои компании, поттикнати од сопствените, но и истражувањата на ОБСЕ, одлучија да си ја пробаат среќата и да преминат на работење со четиридневна работна недела.

Вестите за овие иницијативи зборуваат дека вработените кои не работат 40, туку 32 часа се позадоволни и попродуктивни, заради што нивните претпријатија работат подобро. Иако е далеку од масовна примена, за оваа тема се разговараше дури и во симболичното средиште на глобалниот либерализам - на форумот во Давос.

Модерниот утопист Рутхер Брегман верува дека процесот е незапирлив и дека нема да се запре на 32 часовна работна недела, туку таа ќе се намали на 15 работни часови. Во книгата која ги прослави и стана светски бестселер „Утопија за реалисти“ тој го прикажува светот од иднината како место каде ќе се работи пократко, каде границите се отворени, а сите луѓе имаат загарантиран основен универзален приход.

Брегман света дека ваквите визии денес се чинат „утописки“, но дека во минатото подеднакво контраверзни биле и идеите за еманципација на жените, декриминализација на хомосексуалноста и укинувањето на ропството.

Извор: http://naukakrozprice.rs

Слични содржини

Наука / Живот / Историја
Општество / Живот / Теорија
Технологија / Живот / Теорија
Општество / Живот / Теорија
Општество / Свет / Живот / Теорија
Општество / Став / Живот / Теорија

ОкоБоли главаВицФото