Не сум скршена, таква сум - на парче идам

12.04.2019 11:50
Не сум скршена, таква сум - на парче идам

 

Кажете некој добар филм за кршење.


Го кршам ледот па умирам од ладно.


Не сум скршена, таква сум - на парче идам.


Се видов во огледалото и се одминав.


Самолеклива сум.


Се имам лажено, се нема важено.


Се дерам за да не чуеш како се кршам во себе.


Отвори го падобранот, ќе паѓаме од Марс.


Кога паѓам најубаво се отварам.


Лифтот за седмо небо заглавен на приземје.




Таа е вселена во срцето на еден астроном.


Четири преткомори и четири комори - то су срца два.


Имам допрено дно на срце.


Љубов - етапа меѓу пороци.


Некој со нулта толеранција да ми даде крв?


Не ми ја вади душата пред луѓе. Ним им ја немам покажано.


Пошо не знаеш да лемиш, си испаднал таков, сунце ти калаисано!


Too much „спротивностите се привлекуваат“ will kill you.


Нареден живот поубаво се распаѓа.


Само да ти кажам дека си одам и си одам.




Јас генерализатор?! Колку типично од вас.


Сум заборавила да го вклучам бојлерот. Кај се измислувачите на топла вода кога најмногу ти требаат?


Една мисла ми отиде бегалка.


Можеби науката не е за мене, но така сакал Господ.


Ја мрзело силата да учи факултет па завршила виша.


Свртев 3 универзуми и 4 животи за да се поедноставам.


Тоа што сум најдобра прави да делувам нескромно.


Ego is in the I of the beholder.


Wish me Like.




Драматургот се разбуди од кома, но сè уште е комичен!


Сестро, многу ви е вештачко дишењето!


Сапиосексуалец влегува во секс-шоп и купува судоку.


Дормео и Јулија.


Стол е намештај, фотелја е намештајка.


Произведувач на брикети ви посакува Среќна и брикетна Нова Година.


Cancelарија.


Issues Христос.


Seen е унисекс.




RIP public of Macedonia.


Толку добро врзуваме крај со крај што не може крајот да ни се најде.


Ова сиромаштијава ти е светска работа бе!


За први април Македонец ќе се преправа дека сѐ е во ред.


Могул од Скопје: Смогул.


Јавно претпријатие „Шанкови и зеленило“.


Правна држава - држава во прав, додај само гола вода.


Lažetête-à-Tête.


Секогаш се трудам да гледам позитивно на работите и верувам дека политичарите газат врз луѓето од терапевтски причини.


Во време кога можеш да ја обвиниш државата за сè, срамота е да бараш психијатар.


Болдираново писмо Србите го прифаќаат, али косово не.

Слики: Jorge Santos 

Слични содржини

Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото