Асанж се претвори во код кога се обидоа да му стават лисици

12.04.2019 14:50
Асанж се претвори во код кога се обидоа да му стават лисици

Лондон. Британските власти вчера се обидоа да го уапсат Џулијан Асанж. Во моментот кога се обидоа да му стават лисици тој се претвори во низа копјутерски кодови. „Будали, станав помоќен од кога и да е - вистината не може да се зароби“, рече Асанж. Во тој момент лисиците паднаа на земја, лизгајќи се по низите со кодови, а кодовите се претворија во електронски уреди на кои се појави ликот на Асанж.

„Јас доаѓам од дигисферата и светските влади веќе не можат да ме контролираат. Го напуштив вашиот едноставен свет и станав нешто повозвишено. Ниту еден затвор не може да ме зароби. Информациите ќе останат слободни засекогаш!“

Во меѓувреме, администрацијата на Трамп побара итна екстрадиција на Асанж, односно приведување на неговиот код.

Адаптирано од: https://www.theonion.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото