Асанж е Че Гевара на нашето време

12.04.2019 16:05
Асанж е Че Гевара на нашето време

Добро, деца. Ако од перење ви избелеле маиците со ликот на Че Гевара, набавете ги оние со ликот на Џулијан Асанж. Зашто тој е Че на вашето време. Сакате херој? Не мора да одите сè до Куба, не мора да одите 60, 70 или 80 години нананзад. Ене ви го херојот во лондонскиот затвор.

Асанж не се борел во џунгла, зашто да се бориш во џунглата веќе нема никаква смисла – на крајот, џунглата веќе и не постои, барем не како скриено, опасно место, дом на одметници. За сателитите, Google Earth и нашите стражари сè тоа е исто – и Брикстон и Амазон.

Асанж се борел на серверите, таму каде што се случува нашиот живот.

Новинарите профитираа од него

Асанж не пукаше на моќните. Тој направи нешто многу понасилно, многу поубиствено: тој ни овозожи да ја дознаеме вистината за нив. Тој не минираше пруги, не ја земаше земјата од богатите за да ја врати на сиромашните, зашто земјата и онака веќе на никој не му треба. Тој изврши многу поразорен напад: објави дека измамата и лагата се крвотокот и срцето што го движи светот.

Асанж, за разлика од Северна Кореја не лансираше ракета со долг домет. Не фрли атомска бомба. Тој активираше нешто неспоредливо помоќно: вистината која ослободува. Асанж направи сè што можеше за да нè ослободи. А тоа што сепак, не сме и нема да бидеме слободни, не е негова вина.

Колку е сериозно тоа што го направи е гледа и тоа што на улица нема да сретнете млади со негов лик на маиците. Против Асанж одамна се свртеа и оние кои профитираа од неговите информации – шампионите на „слободното новинарство“ како Гардијан, на пример. По Асанж нема да жалат ниту американските републиканци, ниту демократите. Ниту еден висок функционер на Европската унија нема да го посети Асанж во затворот и нема да изрази загриженост заради состојбата со човековите права во Британија. Ниту една награда на ЕУ за новинарство нема да го носи името на Асанж.

Не, нема да гледате концерти на кои музичките ѕвезди, здружени, бараат слобода за Асанж. Бијонсе и Колдплеј своите настапи на полувремето на „Super Bowl“ не ги започнаа ниту ги завршија извикувајќи: „Free Assange!“

А да го уапсеа Путин или Асад...

Треба ли да се спомне: Асанж да го уапсеа Путин или Асад, ќе се случеше сето тоа.

Откако Викиликс ги објави валканите тајни на западните демократии, дознавме и колку чинат денес Обединетите нации.

Асанж на терасата на амбасадата на Еквадор во Лондон, пред новинарите мавташе со одлуката на работната група на ОН. Работната група за произволни апсења одлучила: односот кон Асанж е противзаконски, тој итно мора да биде пуштен на слобода и треба да му се исплати отштета за 2000 денови кои противзаконски ги поминал во притвор.

Само што одлуката на Работната група на ОН, Велика Британија ја интересира колку заклучоците, кои, да речеме Сенад Пеќанин, Миле Стојиќ и јас може да ги донесеме додека ручаме во градината.

На шупливата приказна на Обединетите нации, британските власти одговорија со студено соопштение дека штом излезе од амбасадата на Еквадор, Асанж ќе биде уапсен. На крајот беше уапсен не пред, туку во амбасадата.

Нема обвинение

Ако случајно сте заборавиле дека тоа што се случи со Асанж, дозволете да ве потсеетам. Против тој човек, кој со години е во притовор, досега не беше подигнато обвинение. Барем не јавно. Неодамна, благодарение на грешка на службеник, дознавме дека Американците сепак произвеле обвинение, подготвено да биде испукано кога ќе дојде време за тоа.

Британското правосудство, на почетокот, своите постапки ги правдаше со налогот за апсење кој е издаден на ниво на ЕУ. Обвинителката од Шведска, наводно, сакала да го испита Асанж, пред официјалната истрага.

Обвинителката на која првично ѝ беше доделен случајот на Асанж, обвиниението го сметала за неосновано и го отфрлила. Тогаш случајот го дадоа на друга, наводно независна обвинителка од Гетеборг. Асанж немаше ништо против да биде испитан – во Лондон, во амбасадата на Еквадор. Но обвинителката не сакаше да го стори тоа. Таа инсистираше дека распитот треба да биде направен во Шведска. Патем кажано: откако е затворен Асанж, во преку 40 други случаи шведските истражители извршиле испитување во Британија.

Значи, тоа е вообичаена пракса.

„Погрешна“ борба против „погрешен“ непријател

Се сеќавате, „шведскиот“ случај сам по себе беше бизарен. Асанж е обвинет дека намерно направил да пукне кондомот што го користел, со што ја довел во опасност својата сексуална партнерка или партнерки.
Секој знае дека не се работи за тоа. Како што секој би знаел дека ако Асанж заминеше во Шведска да се изјасни за пукнатиот кондом би завршил во американски затвор, каде би се изјаснил, или не за своите активности кои Стејт Департтментот ги карактеризираше како „сајбер тероризам“.

Како што и секој политички идиот досега би морал да ја сфати пораката на „случајот Асанж“.

Џулијан Асанж одбрал „погрешна“ борба против „погрешен“ непријател. Може да имате свои благородни цели: може да водите свои културолошки, феменистички, трансродови борби колку што сакате, можете колку што срце ви сака да најавувате крај на капитализмот, можете и кога сакате револуција да започнете за заштита на разни загрозени групи од китови до бегалци, може да имате свои антизападни, пропутиновски митинзи, можете, еве како мене, ако сакате, да напишете нешто убаво за Асанж.

Сè тоа може. Но за оние кои ја објавуваат вистината не постои безбедно место. Теророт на вистината нема да биде толериран.

А токму таа, вистината чие дејство секогаш се чини како апсолутен теорор е единственото што може да нè ослободи и искупи. Што не го кажаувам јас, туку Исус.

Време е да престанеме со шегата

Апсењето на Асанж е голем момент на нашето време. Тоа е еден од оние настани кои го тераат системот до неговите последни, надворешни граници, кога, немајќи веќе каде, монструмот се врти кон граѓаните на кои, некој (Асанж) на десктопот им залепил слика на царот што е гол, па ги шири рацете и порачува:

„Добро, време е да престанеме со шегата. Па зарем навистина верувавте во она што ви го кажуваа за владеењето на народот, за тоа дека вашиот глас вреди, дека сами одлучувате за својата судбина? Па зарем навистина верувате дека ние се залагаме за тоа медиумите да ја откриваат вистината, која не е вистина ако не е исклучително непријатна? Зарем навистина мислевте дека ние ја поддржуваме борбата против корумпираната моќ? Мислиме дека секој знае дека моќта секогаш е корумпирана? Мислиме дека ви е јасно дека антикорупциската борба сите ја поддржуваат – сè додека тоа е борба против корупцијата во туѓите редови? Јасно ви дека кога се работи за нашата корупција, по правило има повисок интерес заради кој не е пожелно да се занимаваме на баш толку експлицитен начин? Зашто, барем тоа сте го разбрале, разоткривањето на валканите тајни на нашите непријатели е пат до Нобелова награда, додека откривањето на нашите валкани тајни е пат кон затворот?

Ние, се разбира, сметаме на тоа дека сте глупави, дека вашата глупост, конечено е темел на нашата моќ: ние, се разбира, сметаме дека хипокризијата вие ја гледате како мудрост, па и вашата хипокризија е темел на нашата моќ, но никој не е толку глупав за да навистина поверува во нашите приказни за демократијата и слободата на говор?
Па навистина ли?“

Тогаш граѓаните одат во шопинг мол или на порно сајт, моќта останува моќна, а Асанж умира во затвор.

Така завршува современата верзија на бајката на Андерсен, Царевото ново руво.

Извор: Al Jazeera

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото