Засилувачите на вкусот се штетни

18.10.2010 14:26
Моосодиум глутамат

Во последно време низ светот се расправа за употребата на моносодиум глутаматот (MSG) како додаток во храната. Ако треба да им се верува на оние кои го креваат гласот и изнесуваат податоци за научните истражувања, веќе со десетлетија сме изложени на намерното поттикнување зависност од храната и поттикнување дебелеење од страна на различни компании, а притоа да нема никакви соодветни реакции од државните инспекции. Сево ова наликува на огромна светска завера во која не се бираат средства за остварување на голема заработка, при што намерно се користат штетни хемиски супстанци кои го овозможуваат тоа.

MSG во 1908 година го откри Кикуане Икеда (од универзитетот Токио), кога се обидувал да ги најде хемиските комбинации кои стојат зад вкусот кој Јапонците го нарекуваат „умами“. Го изолирал тој вкус од супата од морски треви и го нарекол моносодиум глутамат. Со помош на јапонската корпорација Ajinomoto, Икеда го патентирал MSG во 1909 г., кога првпат станал комерцијално достапен. Што значи, ние го користиме веќе 101 година. Многу брзо станал баран бидејќи создавал вештачко чувство на сласт во храната, што е посебно битно во вегетаријанската кујна или доколку подготвувате нископротеинска храна за масовниот пазар.

MSG денес е присутен во ланците за брза храна низ целиот свет, па невозможно е да го занемаруваме. Брзата храна, како и инстант-супите содржат MSG. Подготвената храна во продавниците, рестораните за брза храна (пилешката кожа во најпознатиот ланец за пилешко, KFC, е преполна со MSG), како и обичните ресторани се полни со оваа супстанца. Црвеното месо, внатрешните органи и останатите месни производи или се испрскани со течност која содржи MSG или во нив е вбризгана смеса која го содржи во огромни количини (шунка, пилешко, мисиркино месо итн.).

MSG содржат и пакуваните пецива за хамбургер. Овошјето и зеленчукот се прскаат со MSG. Дури и детската храна во 1950-те содржела помали дози што подоцна се забранило. Оттогаш моносодиум глутаматот е отсранет од налепниците на детската храна, но не и од самата храна. Ако некогаш ги читате етикетите ќе препознаете некои еуфемизми како модофициран скроб, природни ароми и сл. Кога во составот ќе го прочитате зборот „citric acid“ треба да знаете дека станува збор за MSG. Индустриската лимонска киселина не се прави од цитрично овошје туку од пченка. Битно е да се напомене дека лимонската киселина не е чиста. Штом еднаш ќе ја направат од пченка, таа е контаминирана со пченкарни протеини кои не се отстранети од страна на произведувачот. Овие протеини се деградирани или хидроизолирани во слободен MSG.

На почетокот на 1950-те истражувањата изнесуваа значајни податоци за MSG. Ако новородените стаорци бидат изложени на MSG само еднаш, невроните во внатрешниот слој на нивната ретина ќе бидат уништени. Исто така пријавено е дека биле оштетени одредени делови од нивниот мозок. А замислете – луѓето се пет до шест пати почувствителни на оваа хемикалија! MSG е хемиски предизвикувач на дебелина, дијабетес од типот II, како и метаболичкиот синдром Х кај стаорците. Гледајќи ги резултатите од спроведените научни истражувања, јасно е дека MSG поттикнува дебелеење дури и тогаш кога ќе се намали калорискиот внес на храна. Колку пати сте слушнале некој да каже дека се здебелил и покрај тоа што не јаде речиси ништо?

Можеби дојде времето посериозно да размислиме што сè ни ставаат во храната која секојдневно ја јадеме. А MSG е состојка на која се заснова нашето модерно производство на храна. Скриената употреба на оваа хемикалија расте секојдневно. Дури и кога не е декларирана, таа најчесто се крие зад разни други имиња и називи.

Извор: novovssti.com

Ali nekih stvari ima

Ali nekih stvari ima što ne govore se svima...