А има ли подив од Мола Суло?!

13.04.2019 13:29
А има ли подив од Мола Суло?!

Текстот почнува со вакво прашање заради тоа што не треба да се игнорира дивеењето на човекот кој на диво запоседнал толку важна општествена функција и заради тоа што токму во дивото е суштината на неговото опстојување толку години на чело на една многу важна институција за нашата земја во целост.

Ако се повикаме на контекстот на искажаните зборови тие очигледно биле во функција на искажување невозможност за разбирање со владата и во насока на себеамнестирање од нерешавање на ниту едно важно прашање за муслиманите во земјата. При толку години, толку разновидни македонски и албански влади и партии.

Споредбата на диво и во ваков контекст токму укажува дека тука дивиот е некој друг. Зошто ете владата со Заев на чело, сега скоро политички се разбра со албанци за влада и за албанскиот јазик. Со Бугарија и со Грција исто. Па со цело НАТО и сега брзо се надеваме и со ЕУ. Како овие „диви“ се разбраа со толку диви и тешки прашања а токму со ова не? Да не случајно Суло е дивиот, најдивиот?!

Секако тенденцијата да се гледа владата само како македонска е исто замка за шверцување на политичка дивоградба при која Суло ќе биде албанецот?! Сепак и албанството го има и во владата во сите нивоа а ако има контестирачки елементи во било чие албанство во земјата тоа е токму албанството на удбашките монистички структури.

Ова по кој знае кој пат дивеење на Мула Суло не треба да се дозволи и крајно е време да се стави крај на понижувањето на сите муслимани во земјата од вакво резилење наместо „реисење“.

Треба да се продолжи со сите законски мерки против дивото владеење во една толку важна институција тоа е обврска на владата и сите политички преставници на муслиманите во земјата на кои ова им го должат заради фактот дека тука имаме и загрозување на слободата на вероисповест преку нелегално, нелегитимно и диво преставување на верска основа на голем дел на граѓани.

(текстот е личен став на авторот и не содржи официјални ставови на институциите за кои работи и е поврзан авторот. Текстот не е пишуван за дистанцирање зошто во многу наврати муслиманите во земјава преку акции, зборови и иницијативи се дистанцирале од оваа дива персона, дури повеќе потреба од дистанцирање имаат сите тие кои овозможиле, свесно или несвесно, со неделување да тлее овој срам за сите припадници на исламска вероисповест во државата и за земјата и општеството во целост.)

 

Слика: Фокус