Биби Андерсон (1935 - 2019)

16.04.2019 00:37
Биби Андерсон (1935 - 2019)

Актерката Биби Андерсон (Персона, Седмиот печат) почина на 83-годишна возраст. Заминувањето на Биби, која речиси четири децении беше муза, на исто така починатиот, режисер Ингмар Бергман, е бескрајно голема загуба, што не може да се разбере на прв поглед. Таа претставуваше, беше симбол на слободната надеж и невиност што не може да се пронајде во ниту една од актерките денес.

Всушност, филмската и актерската кариера на Андерсон започнала кога таа имала само 15 години, во реклама која ја режирал, претпоставувате, Ингмар Бергман. На крајот Бергман ја одвел во познатиот Градски театар на Малме, каде што тој беше директор.

Таа ќе остане запаметена како Алма во „Персона" и уште повеќе по познатиот монолог, снимен во првиот обид, за најдобриот оргазам што Алма некогаш го имала.

Славата ѝ беше сосема обезбедена да одиграше улоги и само во дваесетината филмови кои ги направила со Бергман во текот на нејзината кариера. Но Андерсон, исто така, работела и со холивудските филмаџии како Џон Хјустон и Роберт Алтман. Па така, во текот на нејзината неверојатна кариера, таа играла во вкупно 90 филмови, од кои 13 ги режираше Бергман.

Кон крајот на 2009 година, Андерсон доживеала мозочен удар и оттогаш живеела во дом во Стокхолм.

Андерсон ги добила главните награди на филмските фестивали во Кан и Берлин.

Таа засекогаш ќе остане запаметена како една од навистина најголемите шведски актерки, рече Ана Сренер, директорка на Шведскиот филмски институт.

Извор: worldofreel.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото