Кога Марија, Анета и Ели решија да пишуваат учебник

18.05.2009 11:03

Седиме на пиво пред некој ден со еден мој пријател геј. Долго време не бил во Македонија. Се присетувавме на детството и на училиштето. Беше скромно дете. По сите општествено прифатени норми побајаги феминизиран. Сепак молчелив, повлечен, доста одмерен во комуникацијата со луѓето. Речиси секој голем одмор пред вратата ни јуришаа некои момци кои го чекаа да излезе за да го „расшамараат онака васпитно по малце“. Некои од нив првпат ги гледаше, некои ги познава единствено од разминувања низ ходниците. Никогаш не се беа скарале, препирале, ниту пак контактирале. Им пречеше тоа што им изгледаше „недоволно“ машки. Беа во некаква си месијанска фаза да го преобратат со ќотек, небаре нивниот машки углед им го руши неговото постоење. И точно, веројатно така го доживуваа. Ќотекот дури никогаш и не го доби. Ќе излезевме ние неколкумина и со една реченица редовно ги разубедувавме - зарем е некакво достигнување него да го истепате? И толку. Штом повторно ќе им ја истестиравме машкоста тие се повлекуваа. Глупа игра, ама се повторува во речиси сите училишта.

Додека пиеме пиво му го покажувам актуелниот учебник по педагогија за трета година гимназиско. Во делот насловен како „негативни појави на сексуалниот живот“ се наредени: проституција, полови болести, полово силување, хомосексуалност и лезбејство. Потоа хомосексуалноста е опишана на следниов начин:

„Хомосексуалноста и лезбејството се варијанти на полов нагон, и секако како опачини се манифестираат со свртеноста на индивидуата кон сексуален партнер од ист пол. Тоа може да биде присутно кај мажите и кај жените, но, сепак, кај жените е поретка појава. Меѓу така ориентираните лица и во двата пола има многу невротични и психотични личности. За сите спомнати негативни појави на сексуалниот живот се забележува дека учесниците на таков изопачен, неприроден и, што би рекле, ненормален сексуален живот се личности со психички потешкотии и пречки.“

Разговаравме на оваа тема смеејќи се на глупостите, заборавајќи дека на ова се учат средношколците во Македонија. Овој текст на крајот на краиштата го оправдува посакуваното „превоспитување со шамари“ на момците од нашето училиште. Млади и неуки, би рекле, па згрешиле метод; но идејата, според оваа логика, е сосема во ред. Затоа имаме во државава психијатри кои лечат хомосексуалци со хормонска терапија. Не дека други момчиња не биле малтретирани од други причини. Сепак, во ниеден учебник на овој начин не се оправдува таквото однесување. Во наше време не се сеќавам дека воопшто се тематизирала хомосексуалноста во училиштата. Другар ми се присети на балканските серии и српскиот мачо хумор. Сите се киневме од смеење кога некој маж ќе прозборуваше со пискав глас или ќе натегнеше хеланки. Тој ми вели дека на себе гледал како на многу смешно суштество. Неговата појава очекувано автоматски предизвикувала кикотење. Од тогаш многу не сме напреднале. Различностите сега јавно ги есапиме како изопачени, ненормални и неприродни појави.

Авторки на овој учебник се Марија Костова, Анета Бараковска, Ели Маказлиева. Овие три авторки пишувале учебник користејќи како референци свои лични ставови, предрасуди и стереотипи. Да им дадевте во тоа време на истите пилиштари кои чекаа да шамараат да напишат учебник ќе добиевте веројатно ист ваков текст. Разликата е во тоа што овие три авторки треба да се експерти во оваа област, а не нервозни, неуки пилиштари. Во 1993 хомосексуалноста е тргната од листата на болести во Светската здравствена организација. Таа се дефинира како една сексуална ориентација меѓу други, а не ненормална појава на лица со пречки и психички потешкотии. Дали оваа информација и после 16 години не стигнала до авторките на овој учебник? Авторките на ниеден начин не го потврдуваат тврдењето дека хомосексуалноста е повеќе застапена кај мажите отколку кај жените. Целиот овој текст е полн единствено со голи предрасуди кои секојдневно можете да ги чуете низ маалските муабетчиња. Зарем образованието треба да биде на ниво на лаички муабет? Има ли некаква ревизорска комисија која ги чита овие глупости пред да ги одобри за употреба во државно средно образование?

Овој учебник мора веднаш да се тргне од употреба. На авторките да им се забрани да пишуваат нови учебници, да предаваат во училишта и да им се проверат универзитетските дипломи. Не знам за вас, но јас сум песимист дека нешто од ова ќе се случи. Марија, Анета и Ели ќе си штанцаат учебници, Македонија ќе продуцира генерации чиишто знаења се потпираат на анахрони, застарени концепти, а ние ќе се тупкаме во гради дека сме најпаметни во светот... само светот тоа никако да го види. Да, да... и тогаш мрморецот почна да ја витка чоколадата...

Илустрации: Грегори Јакобсен

  Што се они виновни, така

 
Што се они виновни, така пишувало во семинарските :)
 
Овие три носителки на титулата Ph.D, се толку продуктивни, што имаат издадено учебници за секоја катедра. Е сега не знам овој за која е, но тој што јас лани го читав беше напати полуписмен а напати целосно неписмен. За среќа немаше вакви врвни дефиниции, но имаше дваесетина различни стилови на пишување, што покажува дека учебниците на Ане, Маре и Ели се збир на семинарски од студенти... Па ако случајно некој студент си пишал дефиниција за хомосесксуалноста и лезбејството ( а не знам зошто вака ги поделиле) од комантар на идивиди, а авторките не се секирале што пишува во семинарската, па само ја копирале и пастирале во нивниот учебник.
 
Слободанка

 

Потребно е да се каже дека

Потребно е да се каже дека учебникот е потпишан од ревизорска комисија. Рецензентите на учебникот имаат дури и поголемо искуство во наставно - образовната дејност и од самите авторки кои Вие ги нарекувате нервозни и неуки. 
Интересно е и да се додаде дека сомнителните референци од кои произлегуваат ставовите, стереотипите и предрасудите содржани во споменатиот учебник можат да се сретнат и во останатите наставни помагала кои имаат за цел да одговорат на прашањата на идентитетот. Сите овие наставни помагала наменети за употреба во средното образование, патем, се наоѓаат и на списокот за задолжителна литература според која се одвива програмата за педагошко-психолошка и методска подготовка спроведувана од високите школи. Со тоа кругот е затворен, и да..., мрморецот продолжува да ја витка чоколадата :)

Ovaa avtorka ili novinarka

Ovaa avtorka ili novinarka (sto i da e, se e samo ne covek) izgleda deka go zabelezuva i i preci kaj drugite toa sto i preci kaj nea samata, taa veli deka drugite se nevroticni ili polni so omraza, sovinisti, nacionalisti, nepravedni i pristrasni a kako sto gledame toa moze da se zabelezi i kaj nea! Imeno, i taa e polna so omraza kon VMROvcite, vladata, opstestvoto, avtorkite na ucebnikot po pedagogija, laickite muabeti (raboti koi i samata nesvesno gi prakticira npr. i taa e polna so omraza kon makedonskiot narod i opstestvo, sovinist e i bescuvstvitelen laik koga veli deka makedoncite se bugari ili so problem na identitetot, koga spomnuva t.n. Vmrovski lubrikant...).
Ovaa zena e nezadovolna so sopsveniot zivot i zelna za vnimanie i zatoa ne se zamara so sebe tuku so drugite i taka lekuva kompleksi so omraza koja ja zabelezuva kaj drugite zatoa sto istata taa omraza itn. i preci kaj nea samata so koja taa e polna!

(gore) mislev na Irena

(gore) mislev na Irena Cvetkovikj, nesigurnata nemakedonska so kriza na identitetot!

rece vmrovecot, inaku

rece vmrovecot, inaku obozavatel na antickite makedonci Dragan PavloviKJ i Slobodan TomiKJ, pritoa pisuvajki go komentarot na ubavata makedonska azbuka- latinicata

ОкоБоли главаВицФото